Лев банер Десен банер

На 7ми Септември на струшкото крајбрежје, второ издание на еко-акцијата за чистење на Охридското Езеро

Второто издание на еко-акцијата за чистење на Охридското Езеро, ќе се одржи на 07.09.2024 на струшкото крајбрежје. Оваа акција е организирана од Клуб за подводни активности „Норкач“ Струга, Camping SCOUT Струга, Diving.mk, Нуркачки клуб „Сирена“ – Скопје како и други нуркачки клубови од цела Македонија, а исто така се очекува учество и од Србија.
„Оваа акција има за цел да го зачуваме природното богатство на Охридското Езеро и да ја подигнеме свеста за значењето на заштитата на животната средина. Преку оваа иницијатива, сакаме да придонесеме кон одржување на чистотата и убавината на нашето природно наследство.
– Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во оваа акција или да ја поддржат на било кој начин, да не контактираат. Вашето учество и поддршка се клучни за успешното реализирање на оваа иницијатива“. -додаваат организаторите.
StrugaOnline

error: