Билтен на СВР Охрид: Кривична за охриѓанец за пуштање во промет наркотични дроги и на охриѓанец за насилство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.08.2024 полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и тетрахидроканабинол.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.08.2024 во 09.27 часот во Охрид, пријавениот физички го нападнал К.Ј. при што му нанел повреди.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

