Лев банер Десен банер

Започна учебната година во ООУ „Јосип Броз Тито“, вкупно се запишаа 89 првачиња

Започна новата учебна 2024/2025 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.

Денес во ООУ „Јосип Броз Тито“ дојдоа нови првачиња, иднината на нашето општество.

На свеченоста беа присутни идните првачиња, нивните родители, роднини. Насмевки имаше на сите страни. На почетокот се обрати директорката Деајана Чакареска којашто рече:

„Од овој прв ден и од чувствата што ќе им се создадат овој ден на нашите првачиња, ќе зависи големината на љубовта со која ќе му пријдат на училиштето и колку сериозно ќе ја сфатат обврската што престои пред нив“.

На свеченоста се обрати и социологот на училиштето, Ивана Стојановска, којашто ги потсетува:

„Драги родители и колеги, кога гледаме во нашите деца, гледаме во нашата иднина, така што, имаме огромна одговорност, па ајде заедно, со помош и поддршка едни на други, од секое дете да изградиме личност, добар човек. Драги деца, драги ученици, секој од вас нека биде пример за другите! Верувајте во добрина, правете добри дела, бидете најдобро другарче, чувајте ги тајните на вашиот соученик, помагате си во неволја,позајмете некому нешто ако нема, поделете си и ужинката, искрено сакате се затоа сите ние сме еднакви.“

Оваа година во нашето училиште, заедно со подрачните училишта се запишаа 89 првачиња. На првиот училишен ден учениците пуштија бели балони кон небото со желби за убава иднина, здравје, насмевки и безгрижности.“

StrugaOnline

error: