Лев банер Десен банер

УХМР: Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Особено нестабилно ќе биде утре и во сабота, а во недела ќе има помали услови за нестабилност. Од понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: