Вечерва во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ВИС „Билјана“
Во предворjето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав „Билјана“.

Билетите се во ограничен број и се продаваат по цена од 300 денари. Можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680, а ќе се подигнуваат на самиот влез, еден час пред почетокот на концертот.
StrugaOnline

