Колекција на народни носии oд Љупчо Милошески ќе биде презентирана на фестивал во Србија
По трет пат дел од колекцијата народни носии од Љупчо Милошески заедно со членовите од КУД Илинден од Струга ќе биде презентирана на фестивал во Нови Сад – Р. Србија.

Се работи за фестивал на народна носија и накит, фестивал „Бисерна Грана“ и се одржува во Нови Сад – Р. Србија.
„Ова ми е трета година каде што учествувам, првата година бев покрај носиите и со мојата изложба „Од Љубаништа до Дебор“, втората година освоив прва награда за најдобра машка народна носија“ – изјави за StrugaOnline Љупчо Милошески.
Фестивалот „Бисерна грана“ ќе се одржи од 01 до 06 октомври 2024 година во Нови Сад – Р. Србија.
StrugaOnline

