Лев банер Десен банер

Збирката на народни носии oд Љупчо Милошески освои прво место на фестивал во Србија во категоријата „Награди за странски држави“

Изминатиов викенд членовите од КУД Илинден од Струга зедоа учество на фестивалот на народната носија „Бисерна Грана“ во Нови Сад – Србија.

Тие претставуваа народни носии од збирката на Љупчо Милошески, а оваа година неговиот избор „Носија за млада невеста“ од етнички предел – Струшки Дримкол и етничка група – Власи „ФАШАРЈОТИ“, село Горна Белица во категоријата „Награди за странски држави“, го освои првото место. Покрај наградената носија презентирани беа и носии за невести од етничките предели: Дебарско Поле и Голо Брдо – село Дренок. -Во силна конкуренција на автентични народни носии, нашата носија за „млада невеста“ го освои првото место на фестивалот во категоријата – „Награди за странски држави“. Убаво е да напоменам дека минатата година, на истиот фестивал освоив трета награда за „машка народна носија“ – изјави за StrugaOnline Љупчо Милошески.

Toj изрази голема благодарност до својата екипа од КУД “ИЛИНДЕН” составена од Љубица Матлиоска, Марија Коруноска и Емилија Милошеска.

Strugaonline

error: