Реализирана успешна Недела на млади на Црвен крст Струга под мотото „Иницирај дела, инспирирај промени“
Во период од 1-7 октомври, традиционално Црвен Крст Струга ја одбележа Неделата на млади под мотото „Иницирај дела, инспирирај промени – Inico vepra, inspiro ndruyshime“.

Целта на одбележувањето на Неделата е промоција на работата на младите на ЦКРСМ како активни лидери кои придонесуваат за ширење на хумани вредности и делување за позитивни промени во заедницата.
„Оваа година Неделата ќе ја одбележиме преку активности за зајакнување и вмрежување на волонтерите во рамки на клубовите на млади како и со завршни промотивни настани на ЦКРСМ, ЦКГС и ООЦК, преку користење на дигитални алатки за пренос и вклучување во живо“ -информираат од Црвен Крст Струга.
StrugaOnline

