„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење
Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи Интернационалниот натпревар во пеење “Песните на Тоше Проески”.

На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел…
Натреварувачите ќе настапат првин во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.
Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно побргу и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.
StrugaOnline

