На 13.10.2024 во 17.30 часот на шумски пат во атарот на струшкото село Присовјани, полициски службеници од ОВР Струга пронајдоа товарно возило „мерцедес“ без регистарски таблици натоварено со околу осум метри просторно, нежигирано огревно дрво.
Возилото и дрвото се одземени и предадени на Шумската полиција од Струга за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари