Денеска се одржува координативен состанок за проблемот со струшката депонија – сите граѓани можат да учествуваат

- Локални
1235

Граѓанската иницијатива „Доста“ која беше формирана за време на Велигденските празници, кога беше спалена депонијата во Струга ги повикува сите заинтересирани граѓани да учествуваат на координативен состанок кој ќе се одржи денеска во xотел Монтенегро, а ќе трае од 15 до 16 часот. Целта на состанокот е граѓаните да споделат предлози, идеи и решенија за решавање на проблемот со Струшката депонија, но и да ги искажат своите барања кои би се адресирале до надлежните.

Повикот за овој состанок произлезе од тоа дека, како што велат од граѓанската иницијатива „голем број од граѓаните повикуваат на радикализирање на незадоволството во врска со струшката дива депонија„

Од граѓанската иницијатива се надеваат дека овој повик за состанок ќе наиде на слух и кај стручните лица, како што се биолози, екологисти и лекари.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари