Започнува „Охрид трчаТ“ – викендот

- Спорт
1332

Над 350 ученици преку училипната трка која се случи пред два дена го означија почетокот на Спортско-рекреативната манифестација „Охрид ТрчаТ“ која се одржува за прв пат и е во организација  на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“ Денеска е доделување на стартните пакети. Тоа ќе се реализира на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, а од  17:00 до 19:00 часот ќе има  активности за најмалите и за лицата со попреченост. Oрганизаторите најавија  неколку спортски активности организирани од професорите по физичка култура, сегашни и поранешни атлетичари.

Главната трка е закажана за во  недела, со почеток во 10:00 часот. Учесниците од 09:00 часот треба да бидат присутни на градскиот плоштад, во 09:15 часот стартува загревањето, кое вклучува полачасовен аеробик предводено од тројца инструктори. На 15 минути до стартот на трката сите учесници ќе бидат упатени на местото за старт.

Спортско-рекреативната манифестација „Охрид ТрчаТ“ е одлична можност за сите љубители на спортот да ја проверат својата кондиција и да учествуваат на овој настан кој се очекува да прерасне во традиција. Сите заинтересирани граѓани и љубители на спортот манифестацијата ќе имаат можност да ја следат во живо на интернет.

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

 

Facebook Коментари