Лев банер Десен банер

Јуниорките на ЖКК Струга 2009 го совладаа Бадел и тоа на гостински терен во Скопје

ЖКК Струга 2009 не застанува. Овој пат во првото коло од јуниорската лига го совладаа Бадел и тоа на гостински терен во Скопје.

Бадел 1862- Струга 2009 66:72. Најдобрите стрелци во ЖКК Струга 2009 беа: Хиса 19 поени, Муртазаи 18, Белкоска 14, Зиба 10, Муртиши 6, Крацоска 3, Алексиеска и Милчин забележаа по 2 поени. Кај Бадел најдобар стрелец беше Чолакоска со 22 поени, инаку поранешна кошаркарка на ЖКК Струга 2009.

„Морам да им честитам на девојките за борбеноста и максималното залагање. Победата има уште поголема тежина затоа што на полувреме имавме негатива од 13 поени. Меѓутоа знаевме дека само со агресивна игра во одбрана можеме да дојдеме до резултат, и на крај успеавме. Знаеме дека ваква пoбеда особено на гостински терен против Бадел значи многу и мислам дека ќе ни биде поттик да продолжиме да работиме уште посилно“. – изјави тренерот Ѓoровиќ

Интересен податок е дека ЖКК Струга 2009 во новата сезона стартуваше со победи во 1 коло во сите категории.

StrugaOnline

error: