Убедлива победа на пионерите на РШ „Динг“ Струга во градското дерби против РК Струга

- Локални, Спорт
253

Во петтото коло од пионерската лига вчера убедлива победа на ракометната школа „Динг“ од Струга во градското дерби против пионерите од РК Струга, со резултат 25:13.

„Водевме во текот на цел натпревар, одигравме одлична одбрана која ни е најсилно оружје, на голот одличен Симон Трпоски. Во нападот имавме повеќе расположени играчи, а како најдобар стрелец денес се истакна Петар Дуноски со 12 погодоци.“ – изјави тренерот на ракометната школа „Динг“ Струга Дејан Коцар.

Во следното коло ракометната школа „Динг“ од Струга ќе игра уште еден дерби дуел на домашен терен против екипата на ГРК Охрид.

StrugaOnline

Facebook Коментари