ФК Караорман со победа над Славеј од Мешеишта во 10. коло на Трета лига – Југозапад

- Локални, Спорт
275

Вчера беа одиграни натпреварите од 10. коло на Трета лига – Југозапад.

 

А во рамки на истото ФК Караорман во вториот дел го доби натпреварот со Славеј од Мешеишта со резултат од 2:0, откако Игор Клечкароски погоди од белата точка и 19-годишниот Христијан Спироски, кој имаше одличен натпревар беа стрелци за победа на ланскиот второлигаш ФК Караорман од Струга.

Лидерот Преса на домашен терен со 2:0 славеше триумф над Влазними од Струга. Во првиот дел Неџми Реџепи постигна гол за 1:0, а во вториот дел искусниот Нико Пластиновски постигна гол за конечни 2:0.

Натпреварот меѓу Евротип и Велешта не го дочека својот крај, откако натпреварот во 21. минута беше прекинат поради недоволен број на играчи на гостинската екипа, пропишани согласно правилата на фудбалската игра и притоа натпреварот е прекинат.

StrugaOnline

Facebook Коментари