МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-6 Берово, -4 Прилеп, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово, Битола, -2 Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница, 3 Крушево, Крива Паланка, Охрид.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Беше ведро со мала преодна облачност, а во котлините понекаде се задржа ниска облачност. Утринава ниска облачност и услови за магла има на југозапад, особено во Пелагонија, потоа во регионот на Скопје и долж Повардарието.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари