Струга и оваа година новогодишно ќе заблеска

- Локални
397

Општината само за украсување на градот ќе потроши 1.620.000 денари. Во програмата која ја усвои Советот предвидени се и дополнителни трошоци.„За декорација на градот се предвиден 1.620.000, средствата да се префрлат на ЈП „Комунално“ Стрyга, по претходно доставена фактура. За Дедо мраз и маршутата, да се обезбедат 15.000 денари за 40 килограми бомбони и украсни новогодини реквизити.“, стои на Програма за пречек на Новата 2025 година.

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година, но затоа на 30 декември, ќе има забава за деца и прошетка на Дедо мраз низ улиците на градот, како и концерт со локални бендови. Ќе се потрошат и 45.000 денари, за првите три новороденчиња, на кои ќе им доделат штедни книши од по 15.000 денари, 10.000 денари за најубаво украсена куќа, 300.000 денари за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, деца со попреченост и за децата на вработените во општинската администрација.

StrugaOnline

Facebook Коментари