Струга ќе биде домаќин на 42-от Меѓународен јога семинар

- Локални
1786

На 9, 10 и 11 јуни во „Солферино“ во Струга ќе се одржи 42-от Меѓународен јога семинар насловен како „Љубов вера и надеж“, а предавања ќе одржи учителот Pavlos K. Hasanagas, гостин од Грција. Програмата вклучува и теоретски предавања, но и практични часови и медитација. На семинарот учесниците\практиканти ќе го посетат и Манастираот Св. Богородица во Калишта. Медитациите ќе бидат под водство на учителот Pavlos K. Hasanagas, а практичните часови се под водство на професорите од Јога сојузот на Македонија, Ванчо Тасески, Томе Биновски и Благоја Ѓорѓиески. На семинарот ќе учествуваат  учесници\практиканти од повеќе градови од Македонија, а практиканти ќе има и од Грција. Сите оние кои нема да имаат можност да присуствуваат, семинарот ќе можат да го следат преку интернет.

Извор:Strugaonline

 

 

Facebook Коментари