Групата „Архангел’’ ќе настапи на Д Фестивалот во Дојран

- Музика
2297

Д фестивалот кој се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, годинава ќе биде почестен со настапот на едно од најголемите македонски музички имиња, а тоа е рок групата АРХАНГЕЛ. Групата ќе настапи како хедлајнер на главната бина, а публиката ќе има можност да ужива во нивните безвременски хитовите

Групата Архангел е оформена во 1989 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003).

Во моментов сѐ уште е актуелна продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети кои за неверојатна цена од  600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.

Инаку, освен Архангел, своето учество на Д фестивалот го потврдија уште 40-тина музички артисти од светската, регионалната и домашната сцена.

Facebook Коментари