Полициски службеници одржаа работен состанок со претставници на Центарот за социјални работи Струга

- Локални
525

Вчера (22.01.2025 година), полициски службеници од ОВР Струга, одржаа работен состанок со претставници на Центарот за социјални работи Струга со цел, засилена меѓусебна соработка и координација за намалување на малолетничката деликвенција како дел од општиот криминал.

Средбата имаше и превентивно-консултативен карактер со цел таргетирање на појавните облици но и лица малолетници од подрачјето кои манифестираат негативно и деликвентно однесување и конкретни инкриминирани дејствија од областа на физички пресметки, меѓуврсничко насилство, семејно насилство, кражби, наркоманија, деца во ризик кои вршат питачење, продавање предмети или други услуги.

На средбата беа разгледувани сет мерки кои службите можат да ги реализираат на превентивен, едукативен но и репресивен план со цел, навремено детектирање на појавните облици на малолетничка деликвенција на терен, формирање заеднички мобилни тимови за работа, брзо излегување на терен по рана идентификација и констатирани состојби, навремена заштита и помош во случаи кога се констатирани насилство и експлоатација врз деца во ризик, деца без родителска грижа и други асоцијални појави.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари