Почина актерот Вал Килмер

- Свет
176

Актерот од филмовите „Топ Ган“ и „Бетмен“ Вал Килмер почина од пневмонија, потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер.

Ќерката исто така потврди дека на актерот пред 11 години му бил дијагностициран рак на грлото, но подоцна се опоравил.

Тој ретко се појавуваше во јавноста во последниве години, но присуствуваше на настанот на неговата фондација „TwainMania“ во 2019 година, поради најавата дека ќе се врати за продолжението на филмот Топ ган со неговиот голем пријател Том Круз.

Роден на 31 декември 1959 во Лос Анџелес, Килмер на 17 години бил примен како најмладиот ученик во Џулијард во Њујорк, една од најпрестижните актерски школи на светот. Актерската кариера ја почнал во театар, а филмското деби го имаше во комедијата „Строго доверливо!“ во 1984 година. Го играше рокенрол пејачот Ник Риверс, кој е вовлечен во источногермански заговор за обединување на Германија. Овој филм покажа дека Килмер добро пее, па дури сними албум под името Ник Риверс.

Вистинска слава му донесе улогата на пилотот Том Ајсмен Казански, ривалот на Том Круз, во „Топ ган“. Филмот бил снимен за 15 милиони долари, а заработи 350 милиони. Килмер ја репризираше улогата во продолжението од 2022.

1990-тите покажаа дека Килмер може да се носи и со главни улоги во големи продукции, што особено дојде до израз во „Дорс“ на Оливер Стоун, во кој го играше Џим Морисон. Поради оваа улога, Килмер значајно ослабнал и научил да пее 50 песни од „Дорс“.

Facebook Коментари