ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга со извонреден успех на нивните ученици на државните спортски натпревари кои се одржаа во Кочани и Делчево – Мали Олимписки игри „Кочани – Делчево 2025“.

Тие беа наградени со медали и почесни места за нивната посветеност, талент и натпреварувачки дух што ги краси.

Момчињата од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга – Државни шампиони во одбојка.
Одбојкарскиот тим на момчињата постигна извонреден успех, освојувајќи златен медал и стекнувајќи се со титулата државни шампиони во оваа дисциплина. Овој триумф е резултат на неуморна работа, интензивни подготовки и силна тимска соработка. Под водство на нивниот посветен тренер, тие блеснаа пред најдобрите тимови од цела Македонија во натпреварите што се одржаа во спортската сала во Кочани.

Девојчињата од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга – Вицешампиони на Македонија во кошарка и ракомет.
Девојчињата освоија второ место во кошарка и ракомет на државните натпревари кои се одржаа во Делчево. Тие го дадоа својот максимум на секој натпревар, покажувајќи професионалност, енергија и силна желба за победа. Иако не го освоија првото место, нивниот пат до финалето беше исполнет со победи, предизвици и инспиративни моменти кои сведочат за нивниот исклучителен потенцијал и талент.

Овие достигнувања не се само личен успех на нашите ученици, туку и доказ за значењето што ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга му го придава на физичкото образование, тимската работа и севкупниот развој на учениците и верување дека спортот е моќна алатка за градење на карактер, поттикнување дисциплина и формирање здрави, одговорни и успешни граѓани.
-Им благодариме на сите ученици кои дадоа свој придонес во овие натпревари, на неуморните тренери кои ги водеа со професионалност, како и на целиот училиштен персонал кој безрезервно ја поддржа нивната подготовка и учество. Благодарност и до Општина Струга и г. Рамиз Мерко за поддршката со превоз и материјални средства, кои ни овозможуваат да ја покажеме нашата работа и посветеност за иднината. Овој успех им припаѓа на сите, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
Додаваат дека победите од оваа година се само еден чекор кон посветла иднина за спортот во нашето училиште. Со овие талентирани и мотивирани млади луѓе и со посветените наставници по спорт, убедени сме дека успесите нема да запрат тука.
StrugaOnline
Facebook Коментари