Временска прогноза – сончево и многу топло време со темепратури до 38 степени

- Македонија
866

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб западен ветер, а во останатите делови од земјава ќе дува слаб, до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневните температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени. Во сабота ќе преовладува скоро идентично време како денешното, а во недела максимланта температура ќе достигне до 39 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари