Горан Сугарески: Се разгледуваат сериозни можности за дислокација на струшката депонија

- Локални
1521

 

Се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и да се изнајде трајно решение, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Направивме се пожарот што беше на депонијата да биде изгаснат.

– Сега ние како Влада, иако мојот ресор не е надлежен ракување со депонијата, сепак ќе се потрудиме да направиме се, иако од граѓаните беше побарано тоа да се направи за 15 дена, во најбрз можен рок да го решиме овој долгогодишен горлив проблем на стружани, рече Сугарески.

Проблемот со струшката дива депонија ескалираше за време на Велигденските празници, и од тогаш до нејзиното целосно гаснење кое се случи пред неколку дена депонијата гореше понекогаш со помал , а понекогаш со голем интензитет. Од тогаш до денес, се одржаа низа протести во Струга со постојани апели од страна на граѓаните за целосно решавање на проблемот со струшката депонија.

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

Фото: ОхридПреc

Facebook Коментари