Анита Мицова утре ќе го промовира првиот албум – најавен е и спотот за „Златно жито“

- Музика
1416

Анита Мицова го најавува својот прв студиски албум насловен како  „Ти сум јас“. Промоцијата на албумот ќе се случи  утре  во 20:30 часот во Bistro Opera Pub во Скопје. Во интервју за Strugaonline ,Анита Мицова ни откри дека албумот е сплет на повеќе стилови вклучувајќи и „ Боса- нова“  со етно,чил примеcи. Сите песни кои се најдоа на носачот на звук „Ти сум јас“ се авторско дело на Весна Малинова-Бабамова и Кирил Бабамов.

Првиот студиски албум на Анита Мицова беше најавен со синглот „Два животи“, а неодамна своја промоција доживеа и баладата „Биди добар“. Освен овие две песни кои веќе се познати на публиката, на алубмот ќе се најдат и следниве потенцијални хитови: „Златно жито“, „Рај“, „Еден ден“, „Снег“, „На пат кон југ“ и „Ти да ме имаш“.

Освен промоцијата на албумот, наскоро ќе биде промовиран и спотот за песната „Златно жито“.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари