Истражување: Сонцето има позитивни ефекти врз психата

- Здравје
1126

Должината на сончевиот временски интервал во текот на денот генерално влијае на менталното здравје на луѓето, дури и повеќе од другите фактори, како што се температурата, загадувањето или дождот. – ова се резултати од истражување спроведено од страна на американски научници од  Универзитет „Бригам Јанг“ во Јута.

Истражувајќи како сонцето во текот на денот, од изгрејсонце, до зајдисонце, влијае врз однесувањето на луѓето научниците дошле до заклучок дека луѓето се помалку среќни кога  деновите се покуси и има помалку Сонце. Од друга страна, луѓето се многу порасположени кога деновите се подолги.

За да ги комплетираат резултатите од истражувањето, научниците ги анализираа метеоролшките податоци од универзитетската метеоролошка станица, како и податоците за загадување на воздухот.

– Во текот на дождлив или ден кога загаденоста е зголемена луѓето претпоставуваат дека би можеле да имаат повеќе непријатности. Меѓутоа, ние тоа не го забележавме. Го гледавме зрачењето на Сонцето или количеството на сончевите зраци кои паѓаат на земјата. Ги земавме предвид облаците, дождот и загадувањето. На крај заклучивме, дека на луѓето најмногу влијае должината на сончевиот период меѓу излезот и залезот на Сонцето, изјавил авторот на студијата Марк Бичер.

Така што, и покрај пеколните горештини од кои треба соодветно да се заштитите знајте дека сонцето е вашиот извор  на позитивни ментални ефекти.

 

 

Facebook Коментари