Јога друштвото од Струга заедно со Јога секција – Охрид најавува јога-викенд во Горна Белица кој ќе се одржи од 28 до 30 јули.
Организаторите информираат дека програмата е базирана на учењето за јогата и вклучува различни јога техники: релаксација и медитација за опуштање и исцелување; вежби за истегнување на телото; дарана-вежби за концентрација; асани-положби на телото; пранајама-вежби за дишење; предавања; јога работилници свесно пешачење (mindful walking).
Часовите по јога и целата програма ќе ја води професорот Ванчо Тасески кој е еден од од најстарите ученици на јога учителот Павлос К. Хасанагас. Активно се занимава со јога од 1980 година, од самите почетоци на јогата во Македонија. Знаењето го има добиено од учителот Павлос К. Хасанагас кој е основачот на јога движењето во Македонија и поранешна Југославија во 1972 год. Ванчо е еден од основачите на единствениот Јога сојуз на Македонија, Јога друштво Скопје, Јога друштво Струга, Јога секција Охрид и Јога секција Кичево. Има 35 годишно практично искуство како наставник по јога, а неговите часови ги имаат посетувано илјадници практиканти во центрите за јога, пациенти од ЈЗУ Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и од Заводот за нефрологија и дијализа од Струга,, Центарот за подготовка на бремени жени во Одделот за акушерство и гинекологија при Општата болница Охрид и други.
Организатоите велат дека доколку се соочувате со секојдневно стресни ситуации на работа и дома, сте заборавиле кога последен пат сте посветили време на себеси, на своето тело, на својот ум и дух и сте љубители на планини и уживање во природа ова е вистинскиот избор за вас.
Сите информации можат да се добијат на телефон 077 817 432
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари