На Фејсбук е форимрана група „Бесплатно сместување – Македонија“ за сите кои сакаат да бидат хумани

- Македонија
2097

Ова лето ќе се памети по спонтано започнатата хумана акција за бесплатно сместувања. Оваа хумана идеја се реализира во неколку Балкански земји чии жители нудат бесплатно сместување за семејства кои имаат дете со потешкотии во развојот. Својата хуманост имаат можност да ја покажат и македонците бидејќи на фејсбук веќе е формирана група

„ Бесплатно сместување – Македонија“

Оваа група е наменета за да се помогне на болни дечиња,на самохрани родители и на семејства од социјално загрозен карактер кој не можат да си приуштат одмор барем еднаш во текот на годината. На ѕидот на групата ќе се одобруваат постови од домаќините кои што го нудат бесплатниот престој,од угостителските објекти кои што нудат бесплатни оброци,од сите што сакаат да помогнат со дарување. Луѓето на кои што им треба престој по извршениот преглед на постовите од групата,ги контактираат домаќините од таа локација каде што највеќе им одговара.Домаќините имаат право да ве одбијат доколку го исполниле бројот на бесплатни сместувања или се посомневаат во вашиот случај.Договорениот престој треба да биде без паричен надомест. Домаќините што направиле договор за бесплатно сместување треба да објавават на својот пост и при тоа да го заклучат. Со самото тоа треба да се има на увид дека едно семејство не ја злоупотребило понудата за бесплатно сместување повеќе пати. Слики од болни деца нема да бидат дозволени поради нивната заштита. Со среќа и однапред ви благодариме на вашата големина и човечност“ – стои во описот на групата и нејзината намена.

Ова е одлична можност за сите хумани луѓе да направат добро дело и да предизвикаат насмевки на лицата на дечињата и нивните семејства.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари