Албанија спроведе привремена забрана за употреба на електрични тротинети
Од денеска, албанското Министерство за внатрешни работи ќе спроведе операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која вчера ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети.
Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се движат по патиштата, но и за самите нивни корисници.
-Ќе изготвиме јасни и применливи правила за сите, разјаснувајќи еднаш засекогаш кои ленти, патишта или простори се дозволени за тротинети, а каде не. Ќе се утврдат и критериуми за возраст на употреба, заштитни мерки како што се шлемови, осветлување и ограничувања на брзината. Додека не се изготви целосна регулаторна рамка, јавниот интерес налага навремена интервенција“, изјави Кочиу.
vesnik-ilinden.com
StrugaOnline

