Нови земјотреси утрово повторно го тресат Охридското тло

- Локални
1210

 

Продолжува да се тресе Охридското тло.  По серијата појаки и послаби потреси, последниот земјотрес е регистриран утрово во 09:47 часот со јачина од 2.9 степени според Рихтеровата локална магнитуда.

Претходно појак земјотрес со јачина од 3.7 степени беше регистриран во 8.36 часот, а потреси имаше и во 07:02 часот со јачина од  2.6 и во 5:17 часот со јачина 3.4 степени.

Од 18 јуни кога започна серијата земјотреси, најсилниот беше земјотресот кој се случи вчера во 13.18 часот со јачина 5.1 степен.

Од 18 јуни до денес во охридското подрачје се регистрирани над 1000 потреси.

извор: Сеизмолошка опсерваторија   фото: EMSC

Facebook Коментари