Нормализиран сообраќајот во двата правци на патниот правец Струга-премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи ја информира јавноста дека повторно е воспоставен нормален сообраќај на сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан”. Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот. Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

