Денеска во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – с. Драслајца ќе се одржи работилница за Бадниковата поворка во Драслајца
Вчера во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – с. Драслајца се одржа втората проба за Бадниковата Поворка, храмот беше исполнет со детска смеа, песна и многу ѕвездички.
Ги покануваат сите дечиња – и оние што веќе беа со нас, како и оние што сè уште не се приклучиле, да дојдат на следната проба, која ќе се одржи денеска, 3 јануари 2026 година, во 16:00ч., во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – с. Драслајца.Порачуваат да дојдат што повеќе дечиња, за сите заедно, со песна, љубов и радост, да го најавиме Христовото Раѓање.
StrugsOnline
