Вечерва започнува 57-то Охридско лето – врвни уметници распоредени во 40 фестивалски вечери

- Локални
1054

Со концерт во Античкиот театар во Охрид вечерва, светската џез атракција „Форплеј” ќе го означи почетокот на  57-то издание на најпознатата музичко сценска манифестација која има долга традиција – фестивалот „Охридско лето“.

„Форплеј” е светски познат џез квартет кој на музичката сцена  опстојува  повеќе од 25 години.

Фестивалот Охридско лето, негувајќи ја споменатата традиција секоја година е на висина на задачата нудејќи  атрактивна и богата програма која привлекува многубројна публика за време на сите 40 фестивалски вечери, кои се одржуваат под мотото „Патот до Магијата.“

Годинава на програмата се предвидени  над 50 настани, од музички, драмски, балетски претстави и активности во делот на дополнителната програма. Својата маестралност од сите области во уметноста годинава ќе ја покажат уметници од  Русија, САД, Канада, Австрија, Кина, Индонезија, Израел, Италија, Франција, Германија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Ерменија, Турција и Грција. Оваа година, најавено е најквалитетното издание на Охридско лето до сега. Селекторите на фестивалот најавија дека ќе бидат задоволени и најистенчените музички, балетски и драмски вкусови.

 

Facebook Коментари