Денеска се празнува во чест на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден

- Македонија
1202

Петровден е голем празник што се одбележува секоја година на 12 јули  Празникот е посветен на Апостол Петар.  Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел.
Обичаите во секој регион за одбележување на Петровден се различни. Именден на овој празник слават сите кои ги носат имињата Петар, Петре, Петра, Перунка, Петранка.
Иако овој ден е посветен на апостолите Петар и Павле, со оглед на тоа дека денешниот празник се вика Петровден, споменот на Светиот Апостол Павле се слави утре.

Facebook Коментари