Петар Чакарески го извади Крстот од водите на реката Црн Дрим во Струга
Бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката „Црн Дрим“ во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше Петар Чакарески.
Кум на овогодинешниот празник „Богојавлeние Водици“ беше Цветан Аврамоски кој што го даруваше среќникот кој што го фати крстот. Чакарески беше даруван и од страна на црквата и спонзорите на манифестацијата.
Кум наредната година е Јован Качески.
Извор и фото: Strugaonline

