Лев банер Десен банер

Стружанецот Мирче Чуркоски ја продаде луксузната вила на Лепа Брена во Мајами

Стружанецот Мирче Чуркоски реализираше уште една ексклузивна продажба на американскиот пазар на недвижности – луксузната вила во Мајами, сопственост на познатата музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ.

Станува збор за модерна вила лоцирана директно на брегот во Мајами, со прекрасен отворен поглед кон заливот. Имотот располага со околу 600 квадратни метри станбен простор, шест спални соби, шест бањи и дополнителен тоалет. Внатрешноста е уредена со врвни италијански завршни материјали, пространа главна бања со гардеробер, гурманска кујна со дополнителна кујна за готвачи и висококвалитетни апарати.

Објектот има отворен концепт на дневниот простор, лифт до кровна тераса со спектакуларен поглед, како и мебел по нарачка од Италија. Во дворот се наоѓаат базен, џакузи, летна кујна и уредени тревници, а имотот нуди 75 метри директен пристап до вода, без фиксни мостови до отворено море. Гаражата е климатизирана и има капацитет за шест автомобили, додека приватниот простор за закотвување овозможува сместување јахти до десет метри.

Местото е купено во 2012 година за 1 милион долари, каде што продавачите ја изградија вилата последните неколку години. Нов сопственик е францускиот рапер Elie Thitia Yaffa или познат по неговото уметничко име Booba кој ја купил за 14.2 милиони долари и е рекордна цена на продажба за тоа место каде што се наоѓа вилата.

Чуркоски вели дека локацијата е една од најпрестижните во градот.

„Станува збор за една од најшармантните улици во Мајами, опкружена со луксузни домови во сопственост на јавни личности. Вилата е идеална за ексклузивни забави и нуди еден од најубавите погледи кон океанот. Вакви имоти се реткост на пазарот и предизвикуваат голем интерес кај сериозни купувачи“, изјави Мирче Чуркоски.

Продажбата претставува уште една значајна трансакција на пазарот на луксузни недвижности во Мајами, а ја изврши нашиот сограѓанин Мирче Чуркоски кој е еден од најдобрите агенти за недвижности во светот. Тој со неговиот бизнис партнер Алберт го основаа „The Waterfront Team“ пред 20 години и се веќе 6 години број 1 тим во „ONE Sotheby’s Intl realty“ и топ тим во светот.

StrugaOnline

error: