Денеска пионерите на РК Струга играат против екипата на ГРК Охрид
Младите ракометари на РК Струга ги очекува нов предизвик во Пионерската машка лига. Во рамките на осмото коло, стружани ќе ги одмерат силите со екипата на ГРК Охрид, во натпревар што ќе се одигра денеска, четврток, 5 ноември.
Натпреварот е закажан за 17:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, каде што младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети и борбеност на теренот.
StrugaOnline

