Бесплатна работилница за хип-хоп утревечер во Охрид

- Забава
1358

Утре, на Скејт паркот во Охрид, студиото за танци кое работи во рамки на Младинскиот култрно образовен центар “Соната” , во соработка со скопскиот танцов клуб Beatrix, а со поддршка на мобилниот оператор Вип,  ќе организира бесплатна работилница за хип-хоп наменета за сите кои што сакаат да се забавуваат. Не е потребно искуство, само желба за добра забава и танцување.

Заинтересираните се пријавуваат на местото на настанот, а во рамките на истиот ќе се одржи hip-hop battle во кој ќе учествуваат членовите на Beatrix и Соната. Hip-hop battle е натпревар во кој што двајца танчери, еден против друг танцуваат во слободен стил на музика која однапред не име позната.

Настанот почнува во 19 часот и е поддржан од Општина Охрид.

Извор: Strugaonline

 

 

Facebook Коментари