Македонско-албански мешани полициски патроли ќе вршат патролни дејствија во Струга и Саранда

- Локални
1078

Започнуваат со работа заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за Внатрешни работи на Република Македонија и  Република Албанија. Патролите ќе бидат составени од полициски службеници од полициската станица во Струга , како и полициски службеници  од полициските станици од Поградец и Тирана.

Ваквите патроли се формираат  со цел да се изгради соработка на колегите од Македонија и Албанија, но и да се оствари главниот приоритет – а тоа е безбедноста на граѓаните и зачувување на јавниот ред и мир.

Оваа летна туристичка сезона предвидено е , мешаните полициски патроли да вршат превентивни  патролни дејствија во Струга и Саранда.

 

Facebook Коментари