Четири лица во полиција во врска со спалувањето на струшката дива депонија

- Локални
1109

Четири лица државјани на Албанија се повикани на информативен разговор во струшката полициска станица во врска со последните пожари на депонијата во Струга. Објави синоќа Алсат М  Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за Алсат потврдил дека  се водат разговори околу нивната евентуална инволвираност во пожарите.

Струшката дива депонија е проблем кој Стружани ги мачи уште од Велигденските празници, од тогаш до денес депонијата гори понекогаш со мал, некогаш со поголем интензитет. Во градот се одржаа низа протести, еколозите алармираа за последиците по животната средина, а лекарите потенцираа колку сериозни здравствени проблеми би биле логична последица од воздухот што го дишеме.

Извор: АлсатМ/Strugaonline

Facebook Коментари