Програма за сите генерации носи вториот фестивалски ден на „ДримОН“

- Локални
1102

Продолжува петтото јубилејно издание на фестивалот „ДримОН“. Вториот фестивалски ден носи програма за сите вкусови и сите генерации.

„Пристап(о)способност“ е насловот на вториот ден на „ДримON“, кој се отвора во 9 часот со авантурата за деца „Природно наследство – скриено богатство“. Тридневната авнтура ќе се одвива на неколку  локации  од значење за светското природно и културно наследство во Струга, а е осмислена како истражувачка екскурзија.  Од 17 часот е работилницата со „Фаринас  хендмејд“ за фосилизација на уметност од отпад.

Во 19.30 на Летна сцена, ќе биде отворена изложбата „AcessAbility“, на која ќе бидат претставени  фотографии и приказни кои ги прикажуваат предизвиците и успесите на лицата со посебни потреби. Автор на фотографиите е Томислав Георгиев, а на текстот Небојша Илијевски од агенцијата „Холистик“, а изложбата е организирана во соработка со Шведска амбасада. Од 20 часот е мотивационата говорница со Александар Матовски Цако, а од 21 часот во кино зоната на фестивалот  ќе ги погледнеме филмовите  „24.док“ на Јане Алтипармаков направен како дел од проект на Здружението за поддршка на деца и млади со попреченост  Сината Птица  и „Важноста да можеш да си ги заврзеш чевлите“ на Лена Копел – Шведска.  Од 22 часот е закажан концертот на белградската електро поп музичарка Сана Гариќ,  а вториот фестивалски ден се затвора со забава со диџеи од Фестивалот „De: Sonanz“, која ќе започне точно на полноќ.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари