Информативна сесија „Фер ангажман“ овој четврток во Струга
На 16 април 2026 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во Салата на Советот при Општина Струга ќе се одржи информативната сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.
Настанот има за цел да им понуди на граѓаните јасни и практични информации за можностите што ги нуди законот, како и за начинот на негово спроведување во пракса. Присутните ќе имаат можност подетално да се запознаат со придобивките од законското ангажирање, категориите на лица кои можат да бидат вклучени, како и со правата и обврските на работниците и работодавачите.
Посебен акцент ќе биде ставен на електронската постапка преку системот е-Работа, со што ќе се олесни процесот на пријавување и ангажирање на работници.
Информативната сесија е наменета за фармери, работници и работодавачи, а организаторите упатуваат апел до сите заинтересирани да ја искористат оваа можност за подобро информирање и придонес кон формализирање на работата и намалување на сивата економија во земјата.
StrugaOnline

