Триумф за ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга на регионалниот одбојкарски турнир
На регионалните натпревари во одбојка, кои се одржаа во одлична спортска атмосфера и фер-плеј дух, учество зедоа три основни училишта: ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, ООУ „Бистрица“ – Битола и ООУ „Лирија“ – Тетово.
По одигрувањето на натпреварите, беа постигнати следните резултати:
– Прво место освои ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга
– Второто место им припадна на ООУ „Лирија“ – Тетово
– Третото место го освои ООУ „Бистрица“ – Битола
Со освоеното прво место, тимот од Струга обезбеди пласман на републичките натпревари, каде ќе има можност да ги одмери силите со најдобрите екипи од државата.
StrugaOnline

