Лев банер Десен банер

Приведени две лица од Вевчани и Драслајца за физички напад на лице од Крива Паланка

На 18.04.2026 во 00:30 и 01:30 часот во Струга, полициски службениц од ОВР Струга ги лишија од слобода З.Б.(42) од Вевчани и К.Ф.(39) од с.Драслајца, струшко, постапувајќи по претходна пријава дека на 17.04.2026 околу 21:00 часот во домот на негова девојка во село Луково, струшко, физички го нападнале Н.К.(44) од Крива Паланка, при што употребиле и тврд предмет. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: