Лев банер Десен банер

ЏК „Дрим“ од Струга со четири медали на силниот меѓународен турнир во Романија

На силниот меѓународен џудо-натпревар одржан во градот Дробета Турно Северин, Романија, учество зедоа повеќе од 300 натпреварувачи од неколку земји, претставувајќи сериозна конкуренција и високо ниво на борби.

Џудистите од струшкиот клуб уште еднаш го потврдија својот квалитет, освојувајќи вкупно четири медали и достојно претставувајќи ја Македонија. Со посветеност, дисциплина и силен натпреварувачки дух, тие покажаа дека македонското џудо има светла иднина.

Најуспешен беше Енил Ајдиноски, кој во категоријата до 66 килограми го освои првото место и златниот медал. Сребрени медали освоија Даријан Ночески (-38 кг) и Софија Ноческа (-44 кг), додека Ненад Костоски (-38 кг) се закити со бронза.

Солидни настапи имаа и Мила Стојмиловска, Славјан Чаторошкоски и Божидар Јуловски, кои прикажаа одлични борби, но овојпат останаа без медал.

Овој успех е уште една потврда дека со континуирана работа и посветеност, младите спортисти од Струга успешно се носат со меѓународната конкуренција и достојно ја претставуваат државата на спортската сцена.

StrugaOnline

error: