Приведен 23-годишник од Лабуништа, возел мотоцикл без положен возачки испит
На 11.05.2026 во 17:30 часот на регионален пат кај Мелнички мост во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ш.К.(23) од с.Лабуништа, струшко. При сообраќајна контрола запрен е мотоцикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, кој го управувал и од извршени проверки констатирано е дека го управувал без полоен возачки испит. Мотоциклот е одземен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

