Приведен 20-годишник од Драслајца, возел возило без положен возачки испит
На 11.05.2026 во 22:05 часот на регионален пат во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.К.(20) од с.Драслајца, струшко. При сообраќајна контрола запрено е патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и од извршена контрола констатирано е дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

