Нов план за урбана мобилност: Повеќе велосипеди, пешачки зони и јавен превоз во Струга
Струга ќе добие План за одржлива урбана мобилност за периодот 2027–2037 година, со кој се предвидува создавање побезбеден, помодерен и поинклузивен град, во кој приоритет ќе имаат пешачењето, велосипедизмот и јавниот превоз.
Планот е насочен кон намалување на штетните емисии, подобрување на квалитетот на живот и зголемување на климатската отпорност на градот, преку современи решенија за сообраќај и урбан развој.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Светска банка, а го спроведува Министерството за транспорт.
Од локалната самоуправа информираат дека процесот се наоѓа во завршна фаза и апелираат граѓаните активно да се вклучат со свои мислења, предлози и забелешки, со цел креирање функционален и одржлив сообраќаен систем според потребите на жителите: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe1n8RpDWIdwY…/viewform
За повеќе информации, увид во планот и доставување предлози, граѓаните можат да ја посетат официјалната интернет-страница на Општина Струга, каде е објавен и формуларот за јавна консултација:

