Струшките италијанисти ги собраа речиси сите награди на државниот натпревар
Струшките ученици по италијански јазик уште еднаш потврдија дека знаењето, трудот и љубовта кон јазикот носат врвни резултати. На вчерашниот државен натпревар по италијански јазик, учениците од основните училишта и гимназијата од Струга освоија речиси сите највисоки признанија, гордо претставувајќи ги своите училишта и градот.
Натпреварот беше збогатен и со присуството на италијанскиот амбасадор во Македонија, Паоло Палминтери, што претставуваше дополнителна чест и мотивација за натпреварувачите.
Овој голем успех е резултат на посветената работа на учениците, нивната упорност и поддршката од менторите, кои со години успешно го негуваат изучувањето на италијанскиот јазик во Струга.
Посебна благодарност беше упатена и до Општина Струга и градоначалникот Менди Ќура, кои обезбедија превоз и логистичка поддршка за безбедно и организирано учество на учениците на натпреварот.
Меѓу најуспешните беа:
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“
- Ана Ашталкоска – второ место
Ментор: Даниела Јовческа
Пофалници за одлични резултати добија:
- Маја Ристоска
- Мелани Видиќеска
- Калина Чакареска
- Теодора Маџоска
- Ива Шајноска
ОУ „Јосип Броз Тито“
- Ема Шикулеска – прво место
- Марко Милески – второ место
Ментор: Емилија Лазороски - Теона Ќосеска – четврто место
Ментор: Ѓурѓица Кутаноска
ОУ „Браќа Миладиновци“
- Софија Гук – второ место
- Христина Дејкоска – второ место
- Матеј Далчески – трето место
Ментор: Викторија Бебекоска
Успешен настап имаа и:
- Јоан Дојчин – петто место
- Стефанија Гогоска – шесто место
Ментор: Викторија Бебекоска
- Радмила Тодотоска – петто место
Ментор: Ѓурѓица Кутаноска
ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца
- Сара Милошеска – второ место
Ментор: Александра Тренески - Лео Грујоски – петто место
Со вакви резултати, струшките италијанисти продолжуваат да бидат пример за успех, посветеност и квалитетно образование. Новите победи, како што велат, се само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во иднина.
StrugaOnline

