Во Струга успешно заврши 4. издание на младинскиот шаховски фестивал „Езерска Кралица 2026“
Во преполната сала на ПУ „Јахја Кемал“ во Струга успешно заврши четвртото издание на Пролетниот младински шаховски фестивал „Езерска Кралица 2026“, кој годинава собра 75 млади шахисти од повеќе клубови од Македонија, како и гости од соседна Албанија.
Фестивалот помина во одлична атмосфера, исполнета со интересни шаховски партии, натпреварувачки дух и дружење меѓу децата. Организаторите од Младинската шаховска школа Струга истакнаа дека и ова издание било реализирано на високо ниво, што, како што велат, го потврдуваат бројните позитивни реакции од учесниците, родителите и гостите.
„Како и секогаш, така и сега фестивалот го организиравме на едно високо ниво, за што говорат и многубројните честитки и пофални зборови од учесниците, родителите и гостите“, изјави Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга.
Новитет на овогодинешниот фестивал беше МАТ-ШАХ турнирот, кој претставува интересен спој помеѓу математиката и шахот. Според организаторите, ова е прв ваков турнир во Македонија и пошироко организиран во ваков формат.
„Горди сме што сме иницијатори на оваа идеја, која следната година ќе ја развиеме уште повеќе“, додаде Котески.
Членовите на Шаховската школа Струга остварија и значајни резултати, освојувајќи два златни, еден сребрен и еден бронзен медал.
Организаторите упатија благодарност до сите што помогнале во реализацијата на настанот и најавија дека веќе започнуваат подготовките за Летниот фестивал „Езерска Кралица“, каде се очекува уште помасовно учество на домашни и странски шахисти.
Резултати од турнирот
Турнир Шах
Група до 8 години
- Ведран Јованоски
- Христијан Танчев
- Илија Михајлов
Група до 10 години
- Борис Петровски
- Миа Чаку
- Ејмен Абдураман
Група до 12 години
- Јон Фејзулаху
- Јоел Зенели
- Јован Танчев
Група до 16 години
- Јован Пуроски
- Лука Симоноски
- Павел Мишески
Турнир Математика + Шах
Група до 8 години
- Леонардо Салви
- Константин Јовановиќ
Група до 10 години
- Андреј Печијарески
- Ана Бошкоска
- Давид Илиески
Група до 12 години
- Лука Јовановиќ
- Матеј Филипов
- Мартин Талевски
Група до 16 години
- Коста Попристовски
- Лука Аџимитрески
- Јосиф Нелкоски
StrugaOnelin

